Овесна каша со банана и урми (со вкус на кикирики)
Состојки
- 1/2 банана
- 3 свежи урми
- 3 супени лажици овесни снегулки
- 1 лажичка чиа семе
- 100 гр грчки јогурт
- 1 лажичка путер од кикирики
Подготовка
Подготовка
1. Овесните снегулки и чиата се мешаат со путерот од кикирики и со јогуртот. Ако е многу густо, се додава малку вода да се разреди.
2. Убаво се меша се и се остава полoвина час до час во фрижидер.
3. Потоа се сечкаат урмите, по можност свежи - и бананата - и се јаде.
Појадок кој е многу вкусен и многу заситува.