Испечати

Овесна каша со јаболка и дуњи

Овесна каша со јаболка и дуњи

Состојки

  • 4 супени лажици овесни снегулки
  • 1 лажичка чиа семе
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка сецкани ореви
  • 1 помало јаболко
  • 1/2 дуња
  • 100 мл јогурт

Подготовка

Подготовка:

1. Овесните снегулки ги мешаме со чиата и циметот, па ги потопуваме со јогурт.
2. 1 час треба да седат во фрижидер така.
3. Пред јадење, го сецкаме овошјето над кашата, додаваме ореви и мед.
Брз и вкусен појадок кој заситува, особено за оние што се љубители на здравите десерти.