Ароматични мафини со тиква
Состојки
- 2 јајца
- 2 поголеми парчиња варена или печена пасирана тиква
- 100 мл масло
- 70 мл јогурт
- 1 и пол шола брашно
- половина шола шеќер
- 2 лажици мед
- 1 лажичка цимет
- 1/2 лажичка ѓумбир во прав
- 1/4 лажичка морско оревче
- 1 лажичка пециво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
Подготовка
Овие мафини од тиква се можда единствените мафини кои и по 2-3 дена се уште помеки и посочни од денот на правењето. Најверојатно тоа се должи на самата тиква, која ја задржува влажноста и по печењето. Нема некој кој не ги пробал мафиниве и не бил воодушевен, а кога ќе кажам дека се со тиква, не им се верува, бидејќи тиквата воопшто не се осеќа, а аромите на сите зачини одлично се спојуваат и се магични.
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата со шеќерот и полека додадете ги сите состојки и кратко изматете. Ако тиквата е многу сува, можно е смесата да ви испаднe погуста, па може да додадете уште малку јогурт или млеко.
2. Наполнете ги претходно намастените калапи за мафини до 2/3 и ставете да се печат на 180 степени околу половина час.
Од оваа количина се добиваат околу 16 мафини.