Палачинки од црвена леќа
Состојки
- 300 гр црвена леќа
- 400 мл вода
- 1 кафена лажичка мешан зачин
- 1 кафена лажичка лук во прав
- 1 кафена лажичка мешан сув зачин
Подготовка
Повторно би сакала да споделам еден брз, лесен и прекусен рецепт за палачинки. Се што ви треба се само неколку состојки.
Подготовка:
1. Леќата ставете ја во подлабок сад со вода, да отстои цела ноќ. Наредниот ден ставете ја во блендер, додадете ги зачините, измиксајте се заедно и почнете со палачинките.
2. Може да ги комбинирате со што вие сакате, јас ги искомбинирав со намаз, салата домат.
Да признам најсреќна сум што син ми воопшто не препозна од што и ги јадеше со ќејф.