Испечати

Бадем колачиња (без брашно, без масло)

Бадем колачиња (без брашно, без масло)

Состојки

  • 250г бадеми
  • 50г шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажица какао
  • 1 кесичка пециво
  • 2 помали јајца
  • шеќер во прав (за валкање)
  • ореви или бадеми (по еден за секое колаче)

Подготовка

Подготовка

1. Бадемите ги мелеме. Ги додаваме во подлабок сад. Потоа го додаваме шеќерот, пецивото, какаото и циметот и мешаме убаво. Ги додаваме и јајцата и мешаме убаво со лажица.
2. Од смесата формираме топчиња и ги валкаме во шеќер во прав. Ги редиме топчињата на плех обложен со хартија за печење. Врз секое колаче втиснуваме по еден орев или бадем.
3. Печеме 15 минути во загреана рерна на 180 степени.

На здравје!