Испечати

Полнета тиква со овошје, орев и ориз

Полнета тиква со овошје, орев и ориз

Состојки

  • 1 (2кг) тиква печарка
  • 50 гр ориз
  • 50 гр суви кајсии
  • 50 гр урми
  • 100 гр суви сливи
  • 1 јаболко
  • 50 гр ореви
  • 1 лажиче цимет
  • 2 лажици мед

Подготовка

Подготовка:

1. Сварете го оризот „ал денте“ и исцедете го.

2. Отсечете ја рачката од тиквата и исчистете ја во внатрешноста. Мал дел отсечете кај е потребно да се формира соодветен отвор за полнење.

3. Исечкајте го јаболкото, а оревите ситно искршете ги.

4. Се зедно измешајте во еден сад и наполнете ја тиквата.

5. Завиткајте ја во фолија и печете ја на 200С. Готова е кога во неа лесно се забодува вилушка или дрвено стапче. Јас најгоре ставив и една излупена мандарина за да му држи сочност. 10на минути пред крај извадете ја од фолијата.