Испечати

Домашни печени ќофтиња

Домашни печени ќофтиња

Состојки

  • 800 гр - 1 кг мелено месо, пола свинско, пола јунешко
  • 1 средна главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици презла
  • црн бибер, сол и буковка по потреба+зачини по желба

Подготовка

За нас дома нема полесно, побрзо и повкусно јадење од ова во последно време.

Подготовка

1. Месото се меша и се зачинува, со сите зачини што сакате да ги додадете. Се додава изрендан кромидот и лукот после тоа.  Еднаш измешајте, па додадете ја презлата.
2. Измесете го убаво месoто и оставете нека отстои 2 часа во фрижидер.
3. Потоа поделете го на топчиња со големина по желба, направете ќофтиња и наредете ги во плех.
4. Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 45 минути, додека убаво да се испечат. Засечете и проверете. Се служат со кој било прилог.
Добар апетит.