Испечати

Здрави палачинки

Здрави палачинки

Состојки

  • 1 јајце
  • 1/3лажиче пециво
  • 1/2 лажиче сол
  • 100мл јогурт
  • 100 гр црвена леќа
  • 100 гр филаделфија крем сирење може и урда

Подготовка

Палачинки со овошје, палачинки со зеленчук и палачинки со необичен вкус. Ајде да ги спремиме и палачинките со црвена леќа.

Подготовка:

1. Леќата оставете ја да отстои неколку часа, да омекне, а потоа ставете ја во чашката од нутри булетот. 2. Додадете јајце и јогурт, а потоа зачинете со сол по вкус. Доставете пециво. Сомелете ја оваа смеса како каша, па пржете ги палачинките.
3. Јас пржам на апарат за палачинки, па не ми треба подмачкување. Готовите палачинки, премачкајте ги со крем сирење или урда и наполнете ги по ваш вкус.

Нема да згрешите, на здравје.