Браунис од тиква
Состојки
- 1 шолја варена тиква
- 100на гр мелени овесни снегулки
- 2 супени лажици путер од кикирики
- 1 супена лажица мед
- 1 кесичка цимет
- 2-3 супени лажици какао
Подготовка
Секако е сезона на тиквите, ова е многу лесен и вкусен, а воедно и здрав рецепт за браунис од тиква. Може да си ги направите и во калапчиња за мафини, но и вака излегуват преубаво.
Подготовка:
1. Сè што погоре набројав од состојките, ставаме во еден подлабок сад и мешаме полека, додека не се соединат сите состојки.
2. Смесата ја ставаме во тава мала, обложена со хартија за печење. Печеме околу 20на минути. Нормално и овој пат проверката дали е готов десертот, беше со чепкалка за заби како и секогаш.