Смути со тиква, ананас и лимон
Состојки
- 1 круг ананас, свеж
- 80-100гр сварена тиква
- сок од половина лимон
- вода по потреба
- мед по желба
Подготовка
Прекрасен почеток на денот ми беше со ова смути, кое плени со својата боја и вкус.
Подготовка:
1. Во чашата на нутрибулет ги ставаме сокот од лимон, сецканиот ананас и сварената тиква.
2. Додаваме околу 50 мл вода и убаво соединуваме. По потреба долеваме вода за постигнување на саканатa густина.
Сервираме и веднаш конзумираме.