Барени пиперки (зимница)
Состојки
- 4 кг пиперки (за ајвар)
- 2 л вода
- 1 л бела киселина
- 2 чаши шеќер (чаша од 200 мл)
- 5 лажици крупна сол
- по 1 пакетче конзерванс и винобран
- 2 главици лук
- 1 китка магдонос
Подготовка
Одберете убави, здрави, свежо собрани пиперки, да крцкаат.
Подготовка:
1. Измиjте ги, исчистете ги од семето и исечете ги на ленти. Лентите исправено наредете ги во тегла. Совет-легнете ја теглата и редете ги пиперките, a помеѓу, ставајте им од исечканиот лук и магдонос.
2. На оган, ставете ја водата, киселината, солта, шеќерот, конзервансот и винобранот и оставете ја смесата да зоврие. Со врелата течност полнете ги теглите. Затворете ги и превртете ги на капакот додека се оладат.
Можат да се јадат по две до три недели.