Ролат од тиква, со фил од афион и мармалад од шипки
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 1лажиче шеќер
- 1/4 лажиче сол
- 1 ванила со цимет
- 40гр растопена свинска маст
- 1 јајце
- 150гр варена и добро исцедена тиква
- 350гр брашно
- 100мл млеко
- 2,3 лажици шеќер
- фил
- 100гр мелен афион
- 120мл млеко
- 1 ванила
- 2,3 лажици шеќер
- 2 лажици мармалад од шипки
Подготовка
Подготовка:
1. Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат остаток на шеќер, сол, ванила со цимет, маст, тиква, јајце. Се промешува и постепено се додава брашно. Се замесува мазно и нелепливо тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.
3. Во тенџере се ставаат афионот, шеќерот, ванилата, млекото и на тивко се вари 3,4 минути да се згуснe. Се додава мармалад.
4. Од стасаното тесто се сучи правоаголна кора која се премачкува со филот. Се витка ролат. Се поставува во долгнавест калап, обложен со хартија за печење. Се остава да кисне 30,40 минути.
Е сега како да ми дојде многу мастраф, можеби требаше 2 помали векни да направам. Јас направив една ама ја печев подолго, беше голема. Испечено се става на решетка да се излади, па се сече на парчиња.