Здрав колач со банани и моркови
Состојки
- 3 банани
- 2 моркови (рендани)
- 60мл бадемово млеко
- 60г кокосов шеќер
- 60г путер од кикирики
- 50г кокосово масло (растопено)
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 120г овесни снегулки
- 80г бадемово брашно
- 1 лажичка пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка цимет
Подготовка
Подготовка
1. Бананите ги пасираме во подлабок сад. Ги додаваме морковите и мешаме убаво со лажица, а потоа ги додаваме и сите останати состојки по ред. По додавањето на секоја состојка мешаме убаво до соединување.
2. Кога ќе добиеме хомогена смеса, ја додаваме во намрсен калап. Јас користев долгнавест калап за печење леб со прилагодливи димензии. Отприлика го наместив на 23х10цм.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.
Колачот може да го послужите како што е, или да го искомбинирате со вашиот омилен намаз, крем или мармалад. Јас го искомбинирав со крем од ореви и една рака сецкани ореви и пекан ореви. На здравје!