Пикантни, полнети јајца
Состојки
- 4 варени јајца
- За полнење
- 4 жолчки
- 2лажици лут ајвар или лута апетитка
- 1 лажиче доматно пире
- 1лажица кисела павлака
- Сол, бибер, сенф
- 2 маслинки
- Лут буковец
Подготовка
Подготовка:
1. Прво јајцата ги вариме. Ги прелеваме одма со ладна вода. Ги лупиме и ги сечиме на половина.
Жолчките ги ставаме во сад. Тука додаваме доматно пире, кисела павлака, ајвар. Jас ставив лута апетитка, сол, бибер и сенф Соединуваме убаво.
2. Половинките белки ги облекуваме со лут буковец. Смесата ја ставаме во готварски шприц и ги полниме белките. Декорираме со парче маслинка. Сервираме во друштво на убаво сирење, сувомеснати производи.