Салата со печени пиперки
Состојки
- 5 печени пиперки капија, зелени
- 10 шери домати
- 1 рака сецкан магдонос
- Дробено бело сирење
- Прелив
- 2 лажици масло
- 2 лажици оцет
- Сол, Некое зрно шеќер
Подготовка
Подготовка:
1. Прво пиперките ги печеме и ги ставаме во кеса. Од кога ќе се изладат, се лупат и се чистат од семките. Се ставаат да се исцедат од течноста.
2. Се сечкаат на долги парчиња. Се ставаат во сад. Се додава сецкан магдонос и половинки шери домати. Во сад ги соединуваме состојките за дресингот. Промешуваме убаво. Сервираме во сад и наросуваме бело сирење. Послужуваме