Жива сецкана туршија
Состојки
- 1 кг зелени домати
- 1 кг краставички
- 1 кг карфиол
- 1 кг моркови
- Солило
- 1 литар 500мл вода
- 300 мл бела киселина
- 120 гр крупна сол
- 120 гр шеќер
- 1 црн бибер
- 1 винобран
- 1 конзерванс
Подготовка
Подготовка:
1. Се сечка зеленчукот на ситно и се става целиот зеленчук во длабок сад.
2. Се става водата во тенџере и во него се реди солта и шеќерот. Се зоврива течноста. Потоа се исклучува ринглата и се додава оцетот. Додека е врело се потурува целиот зеленчук. Се меша зеленчукот и така стои 24 часа. Се додава биберот, конзервансот и винобранот.
3. Другиот ден се собира во чисти стерилни тегли. Салатата веднаш следниот ден може да се конзумира.