Солени крекери
Состојки
- 600 гр интегрално брашно
- 1 филџан пиво
- 2 филџани масло
- 100 гр сусам
- 3 лажици афион
- 3 лажици сончоглед
- 1 лажичка сол
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабок сад се става пиво, масло, пециво и сол.
2. Настрана се мешаат сусам, сончоглед и афион.
3.Во садот со течните состојки се додава брашното. Се замесува глатко тесто и се додаваат преостанатите состојки.
4. Се сучи кора и со модла за крофни се сечат фигури. Се печи на 200С-20мин