Испечати

Коктел ракчиња со сос од тиква

Коктел ракчиња со сос од тиква

Состојки

  • 200 гр коктел ракчиња
  • 250гр тиква
  • 250гр јаболко кисело
  • 1 сок од лимон
  • 1цм ѓумбир
  • 1 мала главица кромид
  • 1лажица растително масло
  • 1/3лажиче коријандер по вкус
  • 1 кора од лимон

Подготовка

Редок сос, но предобар вкус. Спојот на овие состојки ветува многу. Го користевме за сос на морски плодови, овој пат на коктел ракчиња.

Подготовка:

1. Сите состојки изблендирајте ги. Тиквата, секако пресечена. Ако е многу густо, додадете сок од лимон.
2. Така спремен сосот го ставате во парчињата школки, па до нив ги редите коктел ракчињата, кои претходно беа отстојани во сос од домати и босилек. Декорирате со рузмарин. Ова е убав додаток на тестенини. Ние ги користевме шпагетите.
На здравје