Сникерс овесна каша
Состојки
- 1 шолја овесни снегулки
- 2 лажици чиа семе
- 3 лажици мелени печени несолени кикиритки
- 1 1/2 шолја млеко
- 1 лажица путер од кикиритки
- 2 реда темно чоколадо со 80% какао
Подготовка
Подготовка:
1. Сите состојки ги ставаме во длабок сад и промешуваме. Оставаме да стои 20 минути.
2. Смесата ја делиме на половина. Во едниот дел додаваме 2 лажици какао. Мешаме. Во чаша ставаме првин од кафеавиот дел, па од белиот.
3. Додаваме путер од кикирики на површината од кашата. Врз путерот ставаме стопено темно чоколадо со 80% какао. Овесната каша ја ставаме во замрзнувач 10 минути.
Уживајте.