Едноставен колач
Состојки
- 500 мл хопла
- 4лажици шеќер во прав
- 100 гр тиква на коцки
- 300 гр бисквити
- 1лажица какао
- 3лажици чокопрелив
Подготовка
Колач кој се топи во устата.
Подготовка:
1. Тиквата излупете ја и исецкајте ја на ситни коцки.cСтавете малку вода, поклопете со капак и оставете на тивко да се свари на пареата. Кога е варена, извадете ја од садот и оставете да се излади. Она веќе ќе е раскашкана, разварена.
2. Изматете ја хоплата со шеќерот во прав. Матете додека не стане густа и цврста. Тиквата измешајте ја со искршените бисквити. Јас ставив мешавина од чоко бисквити и обични млечни. Тиквата ќе се спои со бисквитот. Таа смеса помешајте ја со претходно изматената хопла, соединете убаво да се спои рамномерно и префрлете во калап. Оставете во фрижидер да постои.
3. Потоа сечете на парчиња и попрскајте ги со какао, а потоа со чоко прелив.
Нека ви е слатко