Испечати

Здраво какао фрапе

Здраво какао фрапе

Состојки

  • 1 поголема Банана (позрела)
  • 3 Урми
  • 1 м.л. Какао (квалитетно)
  • 1 м.л. Ленено семе
  • 150-200 мл Соја млеко со вкус на ванила (може и обично)

Подготовка

Ако сакате пијалок, кој ќе ви даде енергија и истовремено ќе уживате во неговиот вкус, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

Подготовка

1. Бананата ја лупиме и ја сецкаме на мали парчиња. Ја ставаме во чашката од блендерот.
2. Ги додаваме останатите наведени состојки и блендираме. Добиеното фрапе го ставаме во висока чаша и послужуваме веднаш.

На здравје!