Домашен здрав крем пудинг (од тиква)
Состојки
- 235 гр Варена тиква
- 165 мл Оризово млеко (може и обично)
- 1 Жолчка
- 1 г.л. (15 гр) Густин (нишесте)
- пола Ванила
- 1/3 м.л. Ѓумбир во прав
- 1/2 м.л. Цимет
- по вкус Мед (може и шеќер)
Подготовка
Тиквата во овој период е често застапена на нашите трпези, и поради тоа сега е совршен момент да се искористат нејзините бројни придобивки. Овојпат решив малку да експериментирам и така настана овој превкусен кремаст пудинг, кој топло ви го препорачувам.
Подготовка
1. Сварената тиква, млекото, жолчката, густинот и ванилата ги ставаме во чашката од блендерот и ги блендираме сосема кратко (неколку секунди) да се соединат добро состојките.
2. Оваа смеса ја ставаме во тенџерче, и на тивок оган го вариме кремот неколку минути, како класичен пудинг, со постојано мешање додека да се згусне.
3. На самиот крај додаваме ѓумбир и цимет.
Совет -За засладување може да додадете мед или шеќер во количина по вкус, бидејќи секоја тиква не е исто блага. Ако се одлучите за мед, додадете го кога ќе биде млак крем пудингот. Доколку пак се одлучите за шеќер, тогаш додадете го додека се вари крем пудингот.
Забелешка - Најдобро е да се послужи добро изладен.
На здравје!