Моцарела тост
Состојки
- 50 гр моцарела
- 5-6 листови спанаќ
- 1лажица песто басиликум
- 2 парчиња црн тост леб
- 1/2 авокадо
Подготовка
Еден предлог за убав појадок. Тост со моцарела. Користиме тост лепчиња.
Подготовка:
1. Тост лепчињата се премачкуваат, едното со авокадо, другото со пестото од босилек. На едното лепче се реди моцарелата, пресечена на парчиња, а на другата половина се реди спанаќот.
2. Се поклопуваат заедно и се тостираат. Ви предлагам и чаша ајран со убавинава.
На здравје