Шпагети со никулци и ракчиња
Состојки
- 350 гр ракчиња
- 1паковка морков
- 1 јајце
- 150гр соја никулци
- 1мала паковка шпагети
- 1чешне лукче
- 2лажици маслиново масло
Подготовка
Подготовка:
1. Во тава на оган се запржува лукчето и морковот, сецкан на долги ленти.
2. Во друг сад се варат шпагетите во посолена вода. Се цедат и се спремни за понатамошна подготовка.
3. Во тавата кај лукчето, се додаваат ракчињата и се пржат убаво. Кога се готови, се додава јајцето и се запржува добро. Се додаваат варените шпагети, па се зачинува по вкус. Кога сè е готово се додаваат соја никулците и се промешува. Се служи топло. Ви предлагам чаша вино со јадењето.
На здравје.