Солени палачинки од тиквичка
Состојки
- За палачинки
- 2 тиквиња рендани на крупната страна од рендето
- 4 јајца
- по вкус сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер
- 3 чешниња истиснет лук
- малку магдонос
- 10-12 лажици брашно, зависно од влажноста на тиквичката
- За фил
- по потреба кисела павлака, сирење, салама
Подготовка
Подготовка
1.Тиквичките рендани, посолени се оставаат да отстојат.
2.Се цедат од течноста, се додаваат другите состојќи и сè се соединува да биде густа смесата.
3.Со кутлача се става во добро загреана, намрсена тефлонска тава, во тенок слој, со распоредување низ површината. Се печат од двете страни. Се филуваат.
На здравје.