Испечати

Апетитка салата

Апетитка салата

Состојки

  • 2 кг. варени и сецкани моркови
  • 1 кг. печени, лупени, исчистени од семки везени лути пиперки и исецкани
  • 1 главица сецкан лук
  • 1 киска сецкан магдонос
  • 300 мл. алкохолен оцет
  • 300 мл. масло
  • 2 лажици сол крупна
  • 2 лажици шеќер

Подготовка

Подготвока:

1. Киселината, маслото, солта и шеќерта се зовриваат колку да се растопат солта и шеќерот. Па се излева врз претходно подготвената смеса. Се убаво се меша и се остава да отстои, со повремени промешувања. Јас ја оставив преку ноќ.
2. Се полнат теглите и се провриваат, за да се пастиризираат. Откако зовре водата, ги тргнав скроз настрана на шпоретот (на дрва) уште 10 мин. да стојат. Ги тргам од шпорет и го оставам да изладат во водата.

Од оваа доза 3 тегли.