Смути со варена тиква, лимон и чиа
Состојки
- 100гр сварена тиква
- Сок од 1 лимон
- 1/4лажиче цимет
- 1/4 лажиче ѓумбир во прав
- 1 лажиче чиа семки
- 70мл вода
- Мед по желба
- По потреба и вода каде се вареше тиквата.
Подготовка
Подготовка:
1. Во чаша ставаме вода и чиа семки. Нека стојат 15 минути.
2. Потоа во чашата на нутрибулет ги ставаме варената тиква и цедениот сок од лимон. Додаваме цимет, ѓумбир и миксираме една минута. Тука ги додаваме и чиа семките. Промешуваме и сервираме во чаша.
3. По желба, за постигнување на саканата густина, додаваме од течноста каде се вареше тиквата. Секако дека може да се додаде и мед по желба.
Здраво и вкусно, за убав почеток на денот.