Испечати

Манџа со грашок и пилешки стек

Манџа со грашок и пилешки стек

Состојки

  • 1 кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 морков
  • 1 голем домат (изрендан)
  • 2 парчиња пилешки стек (поголеми)
  • 1 мала конзерва грашок
  • по потреба сол, масло и вода
  • 1/2 лажичка црн пипер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица црвен пипер
  • 2 лажици брашно
  • по желба ловоров лист

Подготовка

Превкусна предлог манџа за ручек, една од моето домашно мени.

Подготовка:

1. Стекот го ставаме во вода, и истата ја истураме кратко откако ќе зоврие. Ставаме нова вода и го вариме, отстранувајќи ја пената. Потоа го вадиме стекот настрана и го сечеме на парчиња, а водата во која се вареше ја оставаме за подоцна.
2. Во тенџере ги ставаме исечканите кромид и црвена пиперка, морковот на кругови, ставаме малку сол, масло и вода, пржиме да се издинста зеленчукот и да омекне.
3. Го додаваме сувиот зачин и црн пипер, па црвен пипер и пржиме кратко да не ни загори. Го додаваме доматот и оставаме да крчка на тивко уште неколку минути.
4. Потоа ја ставаме водата во која се вареше стекот (околу литар), а кога ќе зоврие го ставаме стекот и грашокот. Оставаме да се вари на среден оган.
5. Во една чаша го мешаме брашното со ладна вода, да нема грутчиња и го истураме во манџата. Таа ќе се згусти за кратко, и вариме уште половина час.

* Грашокот не мора да биде конзервиран, но вака побрзо се спрема јадењето.
* Ловоровиот лист секој не го сака, изборот е индивидуален.

(533)