Солени тостерки
Состојки
- 1 маргарин или путер
- 1/2лаж. сол
- 1 прашок за пециво
- 3 јајца
- 150гр. сирење
- 50гр. мешани семиња(сусам,лен,сончоглед и тиква)
- 1 кесичка ким
- 500гр. брашно
Подготовка
Подготовка
1. Од сите состојки се замесува средно меко тесто. По потреба се додава уште брашно. Тестото се остава да одстои најмалку еден час во фрижидер.
2. Од тестото се кинат парчиња и се прават топчиња, кои се редат на тостер (претходно добро загреан) и се притискаат да се испечат.
На здравје!