Крем чорба од карфиол и лешници
Состојки
- 1 помал карфиол
- 2 компира
- 100гр. тостирани лешници
- 1 помала главица кромид
- 1 дебело гранче целер
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 3 лажици маслиново масло
- по потреба сол и бибер
- по потреба топла вода
Подготовка
Топло ви ја препорачувам чорбава. Има преубав вкус.
Подготовка:
1. Во касерола ставете го маслото да се загрее. Додајте го сецканиот кромид, целер и компирите, исечени на помали коцки. Пропржете, додека кромидот малку подомекне. Додајте го карфиолот исечен на мали цветови. Пропржете уште 1 минута. Додајте го мешаниот сув зачин, сол и бибер.
2. Налејте ја топлата вода, да го облие убаво зеленчукот. Варете на потивок оган 20 минути. Откако ќе се свари, додајте ги ситно сецканите лешници и изблендирајте со рачен блендер.