Десерт од тиква
Состојки
- 1мала тиква
- 2 лажици брусница
- 2 лажици суво грозје
- 200 гр ореви
- 4 лажици мед
- 1лажица цимет
- 1лажица мелено ленено семе
Подготовка
За овој прекрасен десерт е потребно да имате 4 теглички или исти мали тањири.
Подготовка:
1. Тиквата испечена излупете ја и сечете ја на коцки.
2. Редете, ред коцки тиква, ред мед, сува брусница, суво грозје, ореви цели и кршени на помали парчиња. Зачинувајте со мелено ленено семе и цимет. Редете така, додека не ја наполните тегличката.
Можете да употребите и агаве сируп. Нека ви е слатко со овој убав есенски десерт.