Пудинг од просо
Состојки
- 50 гр просо
- 200 мл вода
- 1 лажица какао
- 2 коцки темно чоколадо со 70% какао
- 1 лажица засладувач по желба ( јас додадов домашен маџун )
- 1 лажиче арома од ванила
Подготовка
Подготовка:
1. Просото го ставаме во вода да стои во текот на ноќта. Следниот ден го миеме со ладна вода. Го цедиме и ставаме во ѓезве. Ја додаваме водата и вариме на средна температура, повремено мешајќи. Вариме околу 15-20 минути, треба да испари целата вода.
2. Во жешкото просо ги додаваме коцките чоколадо и какаото. Мешаме додека не се стопи чоколадото. Го додаваме засладувачот и аромата од ванила. Промешуваме. Доколку сакате да добиете мазна структура може смесата да ја изблендирате со рачен блендер, но и вака исто така е вкусно и убаво.
Оставaме малку да се излади, ставаме во чинија, додаваме овошје по желба.