Коктел залачиња од тортиљи
Состојки
- 2 тортиљи
- 1 поголем крем сир
- 100гр мисиркина шунка
- 2 кисели краставички
- 2 чили пиперчиња
- Свеж магдонос
- Шери домати
Подготовка
Подготовка:
1. Прво врз тортиљите мачкаме крем сир. Врз него ги редиме круговите мисиркина шунка.
Пак тeнко премачкуваме крем сир. Расфрламе магдонос, сецкани кисели краставички, сецкано чили.
Виткаме во ролат.
2. Потоа ги завиткуваме во прозирна фолија и ги оставаме во фрижидер околу 1 час. Потоа сечиме на залачиња. Декорираме со шери домати и сервираме.