Бела чорба со месни топчиња
Состојки
- Топчиња
- 300 гр мелено месо (може и пилешко)
- 2 лажици ориз
- 1 лажица сув кромид
- 2 лажици масло (ако е месото пилешко)
- За чорбата
- 1 кромид
- 1 поголем морков
- 2 компири
- 1 стапче целер со лист
- Прелив
- 1 поголемо јајце
- 2 лажици кисело млеко
- 1 лажица брашно
Подготовка
Подготовка:
1. За месните топчиња - Јас користев мисиркино бело месо. Го сомлев, додадов една лажица сув кромид, масло, ориз, малку сув зачин и бибер и го измесив. Направив 25 топчиња и ги испрпелав во брашно.
2. Ставете вода во тенџере, ако имате пилешки бујон уште подобро, зачинете ја водата со зачин, бибер и ловор и во неа додајте го изренданиот кромид, морковот на тркалца, компирите исечени на ситни коцки и исечканиот целер. Кога ќе почне да врие додајте ги топчињата од месо. Нека вари отприлика половина час.
3. За преливот - Во некој подлабок сад изматете го јајцето со киселото млеко и брашното и во него постепено со црпалка, една по една, додавајте од течноста од супата и цело време енергично мешајте, да не ви се подвари јајцето. Додајте три-четири црпалки. Потоа таа течност вратете ја во супата која е на оган и исто енергично измешајте. Варете уште некоја минута. На крајот наросете со исечкан свеж магдонос.
На здравје.