Бомбици наполитанки
Состојки
- 150гр наполитанки
- 100гр бисквити
- 100гр ореви
- 3-4 лажици чоколаден крем
- сок од 1 портокал
- кора од портокал
- 50гр ореви за валање
- 50гр бисквити за валање
Подготовка
Бомбици со наполитанки - уживањето во вкусот ви е загарантирано, а за припрема ви се потребни помалку од 15 минути.❤ Овие бомбици се чоколадни.
Подготовка:
1. Наполитанките, бисквитите и оревите измелете ги и ставете ги во длабок сад.
2. Додадете ги чоколадниот кремот, сокот од портокал и кората од портокал и убаво измешајте со лажица. Со влажни раце формирајте бомбици и извалкајте ги во мешавина од мелени ореви и бисквити.
3. Наредете ги во пластична кутија и чувајте ги во фрижидер максимум 7 дена.
На здравје и уживајте.