Круша-банана микс
Состојки
- 4 круши
- 4коцки мраз
- 200 мл ананас сок
- 2 банани
- 1 лимон
- 1 кршен мраз за сервирање ( по желба )
Подготовка
Подготовка:
1. Прво исцедете го сокот од лимонот, а потоа исчистете ја крушата од семките. Пресечете ја на мали парчиња и додадете ја во садот каде ќе миксате.
2. Ставете ја и бананата и малку миксајте. На пола миксање дополнете со коцки мраз и сок од ананас. Густината зависи од тоа колкави се овошките. Сервирајте со коцки кршен мраз, но тоа е по желба.
На здравје