Испечати

Колач со портокали и бадеми

Колач со портокали и бадеми

Состојки

  • 130гр. брашно
  • 100гр. путер
  • 3 јајца
  • 160гр. шеќер
  • 40гр. густин
  • 20гр. какао
  • 30гр. мелени бадеми
  • 125мл. млеко
  • 2 портокали
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • прстофат сол
  • За посипување- по потреба шеќер во прав

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад измешајте ги просеаното брашно, какаото, густинот, пецивото и мелените бадеми.

2. Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот, ванилата и прстофат сол. Во млаз, матејќи со најмала брзина, додајте го растопениот и оладен путер, млекото, ренданата кора и сокот исцеден од портокалите. Откако ќе се соединат состојките додајте ги сувите состојки и измешајте со жица за матење или дрвена лажица.

3. Изматената смеса ставете ја во калап(премачкан со масло и набрашнет). Печете на 180 степени, околу 40 минути (зависно од рерната). Најдобро проверувајте со чепкалка.

Оставете го колачот да се олади во калапот, па посипете со шеќер во прав.