Торта со готови кори
Состојки
- 800мл засладено кондензирано млеко (2 конзерви)
- сок од два лимони
- 250г путер (собна температура)
- 300г смрзнати вишни (одмрзнати и исцедени)
- 3-4 лажици шеќер
- 150мл слатка павлака
- 150г темно чоколадо (ситно сецкано)
- 3 готови кори
Подготовка
Подготовка
1. Кондензираното млеко го матиме 2-3 минути со сокот од лимон. Путерот го матиме во посебен сад 1-2 минути, а потоа го додаваме во кондензираното млеко и матиме уште минута-две.
2. Вишните ги блендираме со шеќерот. Мене ми е најлесно со рачен блендер, но може да се обработат и во стандарден блендер.
3. Кремот и вишните ги делиме на по два еднакви делови. Ја редиме тортата на следниот начин - кора, па едната половина од вишните, па едната половина од кремот. Завршуваме со кора.
4. Слатката павлака ја загреваме до пред зовривање и ја истураме врз чоколадото. Оставаме 2-3 минути, а потоа мешаме додека чоколадото целосно не се растопи. Го излеваме чоколадото врз тортата. Оставаме во фрижидер преку ноќ.
На здравје!