Испечати

Тава манџа со пилешко и тиква

Тава манџа со пилешко и тиква

Состојки

  • 400 гр Пилешки стек
  • 1 Тиквичка
  • 200 гр Печурки
  • 1 Морков
  • 1 Кромид

Подготовка

Подготовки:

1. Кромидот ситно исечете го и ставете да се пржи. Додајте рендан морков.
2. Пилешкиот стек исечете го на коцки и ставете да се пржи заедно со кромидот и морковот. Додајте печурки и домати.
3. Динстајте додека не се приготви месото. На крај исечете тиквичка на коцки, додајте ја во тавата. Додајте сол и црн бибер. Динстајте уште 5-7 минути.
Добар апетит!