Испечати

Колач со кокос

Колач со кокос

Состојки

  • Колач
  • 3 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванила
  • 10 лажици масло
  • 10 лажици млеко
  • 10 лажици кокос
  • 10 лажици гриз
  • 10 лажици брашно
  • 1 пециво
  • Прелив
  • 200мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 50г чоколадо
  • 50г путер
  • 1 лажица какао
  • малку кокос (за посипување)

Подготовка

Подготовка

1. Јајцата ги матиме со шеќерот и ванилата. Кога смесата ќе стане пенаста и светла ги додаваме останатите состојки и матиме до соединување.
2. Печеме во намрсен сад со димензии 28х22 во загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. По печењето оставаме колачот да се олади.
3. За преливот сите состојки ги ставаме во тенџере на оган, до зовривање. Кога ќе зоврие смесата готвиме уште 2-3 минути. Оставаме 5 минути да се олади.
4. Колачот го сечеме на коцки, а потоа со кутлача го нанесуваме преливот рамномерно. Поросуваме со малку кокос.

На здравје!