Испечати

Манџа леќа со сланина

Манџа леќа со сланина

Состојки

  • 400 гр зелена леќа
  • 100 гр сланина
  • 2 домати
  • 2 парчиња морков
  • 1 кромид
  • 1 стебло од целер
  • 4-5 лукчиња
  • 1-2 лути пиперчиња
  • Зачини сув зачин, бибер, ловоров лист, црвен пипер

Подготовка

Подготовка:

1. На малку масло испржете ја сланината. Во неа додајте го кромидот да се пржи, исечканото пиперче, исечканото стебленце целер, лукчето, морковот и на крајот излупените и исечкани домати.
2. Додајте ја леќата, зачинете и ставете вода. Количината на вода ја определувате сами. Јас не ја , правам манџата многу течна, па вода додавам постепено, кога ќе биде готова да нема многу течност.
Леќата брзо се вари, па проверувајте го морковот пред да биде готова.