Конфети од лешници и чоколадо
Состојки
- 200гр квалитетно чоколадо 45%какао маса
- 180гр тостирани лешници
- 30гр путер
- 2лажици масло
Подготовка
Подготовка:
1. На многу тивок оган ги ставаме во сад, да се растопат и соединат чоколадото, путерот и маслото. Сега ги додаваме зрната потпечен лешник. Промешуваме за да се обложи секое зрно убаво со чоколадо.
2. Со помош на две лажички земаме од смесата и ставаме во хартиени кошнички. Оставаме да се изладат, па може да се дегустираат.