Молдавска чорба
Состојки
- 1 рака резанци
- 200 гр мешавина од замрзнати азиски зеленчуци
- 2 моркови
- 100 гр праз
- 100 гр пашканат
- 1лажица брашно
- 1 лозов листов
- 300 гр телешко месо
- 300 гр свинско месо
- 1литар вода(по потреба )
- 1гранка свеж магдонос
Подготовка
Темата овојпат е точно погодена. Чорбички за овој ладен период. Ќе ви напишам една чорбичка која стои под името Молдавска чорба. Зошто,не знам, можеби и таму е актуелна.
Подготовка:
1. Пашканатот, морковот и празот добро се мијат, се лупат и се сецкаат на најситно во сецкото. Им додаваме вода и зачинуваме со свежо мелен црн бибер и сол. Оставаме да провријат, а штом провријат додаваме една рака тестенини.
2. Во истото време во друг сад, на оган, ставаме да се запржи месото, ситно сецкано на коцки. Заедно и свинското и телешкото. Го сецкаме на ситно, да може да се продолжи и свари подобро и побргу. Во запрженото месо ја додаваме замрзнатата азиска мешавина од зеленчуци. Промешуваме и додаваме уште една лажица брашно.
3. Во садот ја додаваме течноста која ја спремивме претходно, таа со морковите. Оставаме да се сварат мевцата и тестенини, додавајќи ловор лист. Пред крајот наросив ситно сецкан свеж магдонос.
Ние уживавме во прекрасниот вкус на оваа Молдавска чорба.
*Забелешка - Месото може да го замените, наместо телешко, да ставите пилешки стек на коцки.
Нека ви е на здравје во овие ладни денови.