Испечати

Чорба со пилешко и брокула

Чорба со пилешко и брокула

Состојки

  • 4 пилешки батаци
  • 3 моркови
  • 2 парчиња брокула
  • 2 лажици брашно
  • 1 лајче црвена пипер
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 ловоров лист
  • пола лајче црн бибер
  • 2 чешниња лук
  • магданос по вкус
  • 1 корен целер

Подготовка

Подготовка:

1. Се варат батаците, целерот и морковите во посолена вода, со сув зачин и бибер. Потоа се кинe месото на парчиња и се враќа во водата во која се вареле. Се пасира целерот и се остава да зоврие чорбата.
2. Во мал сад се става 1 лажица масло и 2 лажици брашно, кое се запржува на тивко. Кога ќе порумени, се додава црвената пипер и се запржува во чорбата. Е тука се додава брокулата и магдоносот. Се остава уште 5мин и готова е чорбата. Превкусна е. Пробајте ја во овие есенски денови добро ќе ви дојде.