Испечати

Мафини со тиква

Мафини со тиква

Состојки

  • 4 јајца
  • 3 чаши шеќер
  • 1 чаша зејтин
  • 2-3 чаши варена или печена тиква
  • 3,5 чаши брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1,5 лажичка сол
  • 2 лажички цимет
  • 200 г сецкано чоколадо за готвење

Подготовка

Подготовка:

1. Се матат јајцата со шеќерот, додека не обелат. Потоа се додава тиквата, зејтинот, брашното, сода бикарбона, солта, циметот и сето тоа убаво се меша или мати со миксер со мала брзина.

2. На крај се додава сецканото чоколадо и пак убаво се меша. Калапот за мафини се обложува со хартиени корпички за мафини и во нив со лажица за сладолед се става од смесата. Се печат 40 минути на 175С.
На здравје
*чашата е 250 мл
* Излегуваат повеќе мафини. Ќе треба на два-три пати да се печат