Рустична торта со чај од камилица (посно)
Состојки
- 200гр. брашно
- 40гр. компиров скроб
- 100мл. масло
- 250мл. вода
- 15гр. пециво
- 5 кесички чај од камилица
- 150гр. шеќер
- 2 лажички мед
- 1/2 лажиче цимет
- За посипување- шеќер во прав
Подготовка
Подготовка
1. Најпрвин зовријте ја водата. Ставете ги кесичките во водата и оставете да отстојат 5-6 минути.
2. Во длабок сад измешајте ги просеаното брашно, скробот, шеќерот, пецивото и циметот. Додајте го медот и маслото. Постепено мешајќи со жица за матење, додајте го приготвениот чај.
3. Истурете ја смесата во округол калап(20цм) премачкан со масло и набрашнет. Печете на 180 степени, околу 40 минути. Испечената торта оставете да се олади, па посипете ја со шеќер во прав.