Цимет Алва (со чоколадна глазура)
Состојки
- Шербет
- 450 гр Шеќер
- 500 мл Вода
- 1 Ванила
- 1 (10 гр) Цимет шеќер
- За алвата
- 75 гр Маргарин
- 75 мл Масло
- 200 гр Гриз
- 100 гр Ореви (мелени)
- Чоколадна глазура
- 90 гр Чоколадо (млечно)
- 20 гр Маргарин
- 40 мл Млеко
- малку Чоколадни трошки
Подготовка
Ова е еден рецепт (кој повеќе беше успешен експеримент), составен и направен по мој вкус, каде комбинацијата на состојките во случајов се конкретно по мој избор.
Подготовката е на следниот начин
1. Шеќерот, водата, ванилата и циметот ги ставаме во тенџере, промешуваме додека да се растворат состојките.
2. Во друго тенџере, на тивок оган, ги ставаме маргаринот и маслото. Откако ќе зовријат, ги додаваме гризот и оревите. Непрекинато мешаме со дрвена лажица до заруменување.
3. Сега ги додаваме водата со растопениот шеќер полека, внимавајќи да не прска. Мешаме додека гризот да го впие шербетот.
4. Готовата алва се истура во некој сад.
5. Сега ја припремаме чоколадната глазура, со топење на наведените состојки на пареа. Чоколадната глазура ја истураме врз алвата.
6. Оставаме да се излади и да се стегне алвата, па сечеме на парчиња.
На здравје!