Испечати

Посни колачи со ореви

Посни колачи со ореви

Состојки

  • 250 мл топла вода
  • 500 мл масло
  • 2 пециво
  • 750 гр брашно
  • Фил
  • мармалад од сливи
  • 300 гр мелени ореви
  • 4 ванила
  • кора од лимон
  • Шербет
  • 1 кг шеќер
  • 600 мл вода

Подготовка

1.Во сад се става маслото, водата, пецивото и брашното и се замесува глатко тесто.
2. Тестото се дели на 4 дела.
3. Секој дел се сучи во кора која се премачкува со 2 лажици мармалад, 4 лажици мелени ореви, кора од лимон и 1 ванила. Сето ова се замотува во ролат кој се сечи на парчиња. Така се прават и од останатите теста уште 3 ролати.
4. Се печат во загреана рерна на 200степени-30мин.
5. Кога ќе оладат се попаруваат со шербет и стојат цела вечер. Наредниот ден ги валкаме, обилно, во мелен орев.

Пријатно!