Смути со ананас и лубеница
Состојки
- 1 парче Ананас
- 1 парче Лубеница
- пола Портокал (сокот)
- нек.коцки Мраз
- 1 г.л. Мед
Подготовка
Еве една идеја за смути кое е вкусно, здраво и богато со витамини.
Подготовка
1. Исчистете ги ананасот и лубеницата.
2. Ставете ги парчињата овошје во чашата од нутрибулетот, додајте ги коцките мраз и сокот од портокал. Додаваме засладувач по вкус, јас додадов мед. Блендираме до хомогенизирање.
Послужуваме веднаш.
На здравје!