Испечати

Домашни ресана колачи

Домашни ресана колачи

Состојки

  • 2 Јајца
  • 230 гр Шеќер
  • пола Ванила
  • 300 мл Масло
  • 400 гр Брашно (просеано)
  • пола Пециво
  • За лепење на колачињата - мармалад по вкус

Подготовка

Уште еден од ризницата на старински рецепти кои вредат многу, брзи за правење, превкусни за јадење. Најчесто се спојуваат со мармалад, но доколку сакате може да ги споите со еурокрем, или едноставно оставете ги и така, превкусни се за со кафе или чај.

Подготовка:
1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилата. Миксираме кратко или разматуваме со рачна маталка. Потоа ги додаваме маслото и брашното соединето со пецивото.
2. Од добиената смеса ги формираме колачињата (кај мене се со тежина од 15 гр секое). Правиме топче, кое благо го сплеснуваме. Ги редиме во плех врз хартија за печење.
3. Печеме во загреана рерна на 200 степени, до благо поруменување (околу 13-15 минути, ама сепак вие одредете си според тоа како пече вашата рерна). Нека оладат колачињата, па ги спојуваме со мармалад. После неколку часа ќе омекнат.

*Забелешка - Од оваа доза испаѓаат точно 66 колачиња (ако ги споите со мармалад 33), кои ги печев на 3 пати, во голем плех од рерната. Доколку сакате повеќе, тогаш дуплирајте ги состојките.

На здравје!